OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 128

126 – ПОГЛАВЈЕ III: АНАЛИЗА НА СПОРЕДЛИВОСТА 3.6 Да се погледне параграф 3.82 за дискусија околу процесот за утврдување, следење и контрола на трансферните цени. А.2 Сеопфатна анализа на околностите на даночниот обврзник 3.7 „Сеопфатната анализа“ претставува еден од суштествените чекори во анализата на споредливоста. Може да се дефинира како анализа на гранката односно индустријата, на конкуренцијата, на економските и на регулаторните фактори, како и на сите други елементи што влијаат врз даночниот обврзник и врз неговото опкружување, но кои сепак не се наоѓаат во рамките на контекстот на анализирање на дадените трансакции. Овој чекор овозможува да се разберат условите во рамките на контролираната трансакција на даночниот обврзник, како и условите во рамките на неконтролираните трансакции што треба да бидат предмет на споредба, особено економските околности на трансакцијата (да се погледне параграф 1.55 до 1.58). A.3 Преглед на контролираната трансакција и избор на тестирана страна 3.8 Прегледот на конкретната контролирана трансакција (контролирани трансакции) која е предмет на анализата, има за цел да ги идентификува релевантните фактори што ќе влијаат врз изборот на тестираната страна (каде што има потреба), врз изборот и примената на најсоодветниот метод за трансферните цени во согласност со околностите на конкретниот случај, врз финансискиот показател што ќе се тестира (во случај да станува збор за примена на метод на трансакциска добивка), врз изборот на споредливи податоци и, по потреба, врз утврдувањето кои приспособувања треба да се извршат за да се постигне споредливо