OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 122

120 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ од трансакцијата, времето што одредена група вработени го минува на одредени задачи, бројот на сервери, складирањето и чувањето податоци, површината на малопродажните места итн. 2.144 Интерните податоци се од суштествено значење за оцена на вредноста на конкретните придонеси од страните кон контролираната трансакција. Определувањето на тие вредности треба да се потпира врз функционална анализа што предвид ќе ги земе сите економски значајни функции, средства и ризици со кои страните учествуваат кон контролираната трансакција. Во случаите каде што добивката се дели врз основа на вреднување на релативното значење на функциите, на средствата и на додадената вредност во рамките на контролираната трансакција, ова вреднување треба да биде поткрепено со веродостојни објективни податоци со цел да се ограничи произволноста. Особено внимание треба да се посвети на идентификувањето на соодветниот придонес со вреден нематеријален имот и на преземањето на значителни ризици како и на значењето, релевантноста и на мерењето на оние фактори од кои тие произлегуваат. 2.145 Еден од можните пристапи кој не беше споменат во претходниот текст е поделба на комбинираната добивка на начин што секое посебно поврзано претпријатие кое учествува во контролираната трансакција остварува иста стапка на поврат на капиталот што го користи во таа трансакција. Овој метод се заснова на претпоставката дека капиталните инвестиции на секој учесник во трансакцијата подлежат на слично ниво на ризик, па затоа може да се очекува дека учесниците во трансакцијата би оствариле слична стапка на поврат кога би дејствувале на слободниот пазар. Меѓутоа, можно е оваа претпоставка да не е реална. На пример, со нејзе не би се опфатиле условите на пазарите на капитал и би се игнорирале другите релевантни аспекти до кои би се дошло низ функционална анализа, а кои треба да се земат предвид при поделба на трансакциската добивка. Г. Заклучоци во врска со методите на трансакциска добивка 2.146 Во параграф 2.1 до 2.11 се содржани насоките во врска со изборот на најсоодветниот метод на трансферни цени зависно од околностите на конкретниот случај. 2.147 Како што беше спомнато во овие Насоки, постои загриженост во однос на примената на методот на трансакциска нето-маржа, особено во однос на фактот дека овој метод понекогаш се применува без соодветно да се земат предвид релевантните разлики меѓу контролираната ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ