OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 121

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 119 В.3.4.4 Користење податоци од сопствените операции на даночниот обврзник („интерни податоци“) 2.141 Кога нема споредливи неконтролирани трансакции со доволен степен на веродостојност што би ја поткрепиле поделбата на комбинираната добивка, треба да се анализираат интерните податоци кои можат да понудат веродостоен начин за тестирање кој треба да покаже дали поделбата на добивката е во согласност со принципот „дофат на рака“. Интерните податоци што се релевантни зависат од фактите и од околностите на секој конкретен случај и треба да ги исполнуваат условите наведени во овој Оддел, а особено во параграф 2.116 до 2.117 и 2.132. Овие податоци често се изведуваат од сметководствената евиденција на трошоците или од финансиското сметководство на даночниот обврзник. 2.142 На пример, кога се применува клуч за распределба што се темели врз средствата, истиот може да се темели врз податоците изведени од билансите на состојба на страните кои учествуваат во трансакцијата. Чести се ситуациите во кои сите средства на даночниот обврзник не се однесуваат на конкретната трансакција и каде што даночниот обврзник мора да примени одредени аналитички постапки за да изведе „трансакциски“ биланс на состојба што ќе се користи во рамките на методот на поделба на трансакциска добивка. Слично на тоа, кога се користат клучеви за распределба што се темелат врз трошоците и што користат податоци изведени од билансот на успех на даночниот обврзник, може да се наметне потребата да се изготват трансакциски биланси на даночниот обврзник каде што се идентификуваат оние трошоци кои се поврзани со конкретната контролирана трансакција, а се идентификуваат и трошоците што треба да се изземат од утврдувањето на клучот за распределба. Видовите на трошоци што се земаат предвид (на пример, плати, депрецијација и слично) како и критериумите што се применуваат за да се определи дали дадениот трошок е поврзан со конкретната трансакција или е поврзан со другите трансакции на даночниот обврзник (на пример, со други производни линии што не подлежат на конкретното определување на поделбата на добивката) треба доследно да се применуваат од страна на сите учесници во трансакцијата. Да се погледне и параграф 2.98 за дискусија околу вреднувањето на средствата во контекст на примената на методот на трансакциска нето-маржа каде што нето-добивката се мери во однос на средства, што е исто така релевантно за вреднувањето на средствата во контекст на поделбата на трансакциска добивка кога се применува клуч за распределба што се темели врз средствата. 2.143 Интерните податоци можат да бидат од полза и кога клучот за распределба се темели врз одреден систем на сметководство на трошоци, како на пример бројот на ангажирани лица во некои аспекти ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕ B