OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 120

118 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ маркетиншкото нематеријално средство. Трошоците за истражување и развој се соодветни за производителите доколку се однесуваат на развој на значаен комерцијален нематеријален имот, како што се патентите. Меѓутоа, доколку секоја страна учествува во трансакцијата со одредено вредно нематеријално средство, не е соодветно да се примени клуч за распределба што се темели врз трошоците, освен ако самите трошоци не претставуваат веродостојна мерка за релативната вредност на тој нематеријален имот. Трошоците за надомест на ангажираните лица често се користат во ситуации каде што функциите што ги извршуваат тие лица се примарен фактор во создавањето на комбинираната добивка. 2.139 Главната предност на клучевите за распределба кои се базираат на трошоците е нивната едноставност. Но, не постои секогаш силна корелација меѓу релативните трошоци и релативната вредност, како што станува збор во параграф 6.27. Клучевите за распределба кои се базираат на трошоците можат да бидат многу чувствителни во однос на сметководственото класифицирање на трошоците. Затоа, неопходно е однапред јасно да се утврди кои трошоци ќе се земат предвид при определувањето на клучот што ќе се користи за распределба, кој пак доследно треба да се спроведува кај сите страни кои учествуваат во трансакцијата. Аспекти на временска динамика 2.140 Важен аспект е и утврдувањето на релевантниот временски период на кој ќе се однесуваат елементите за утврдување на клучот за распределба (на пример, средства, трошоци и слично). Но можат да настанат потешкотии бидејќи можно е да постои временска разлика меѓу моментот кога настанале трошоците и моментот кога е создадена вредноста, и да биде тешко да се избере периодот од кој треба да се користат трошоците. На пример, кога клучот за распределба се базира на трошоците, примената на трошоците за еден период од една година може да е соодветна за некои случаи, додека за други случаи може да е посоодветно да се користат акумулираните трошоци (со исклучок на трошоците за депрецијацијата или амортизацијата, доколку е соодветно во дадените околности) што биле направени во претходните години како и во тековната година. Зависно од FB