OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 119

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 117 потрошеното време и создавањето на комбинираната добивка, потоа број на сервери, складирање и чување податоци, површина на малопродажните места итн. Клучеви за распределба што се темелат врз средствата 2.136 Клучевите за распределба што се темелат врз средствата или врз капиталот можат да се применуваат онаму каде што постои силна корелација меѓу ангажираниот материјален или нематеријален имот или капитал, од една страна и создавање вредност во контекст на контролираната трансакција, од друга страна. Да се погледне параграф 2.145 за краток опис на поделбата на комбинирана добивка врз основа на ангажиран капитал. Клучот за распределба мора доследно да се спроведе врз сите страни ангажирани во трансакцијата со цел да има соодветно значење. Да се погледне параграф 2.98 за дискусија во врска со аспектите на споредливоста во однос на вреднувањето на средствата во контекст на методот на трансакциска нето-маржа, што е валидно и во контекст на методот на поделба на трансакциска добивка. 2.137 Конкретна околност каде што методот на поделба на трансак­ циска добивка би бил најсоодветен метод е кога секоја од страните во трансакцијата придонесува во трансакцијата со вреден и уникатен нематеријален имот. Нематеријалните средства создаваат потешкотии како во однос на нивното идентификување така и во однос на утврдување на нивната вредност. Идентификувањето на нематеријален имот знае да биде тешко бидејќи вредниот нематеријален имот не е секогаш законски заштитен и регистриран и не се евидентира секогаш во деловн