OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 117

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 115 настанале на ниво на поединечно претпријатие или трошоците кои можат да се алоцираат на секое од релевантните друштва одделно ( со исклучок на трошоците кои биле земени предвид при пресметката на бруто-добивката). Во случаи кога се применуваат различни анализи за да се изврши поделба на бруто-добивката и трошоците на МНП меѓу поврзаните претпријатија, мора да се внимава дали трошоците направени од или алоцирани на секое посебно друштво одделно се конзистентни со активностите и со ризиците што се преземаат во тоа претпријатие, како и дали распределбата на бруто-добивката е конзистентна со поставеноста на активностите и на ризиците. На пример, во случај на МНП кое се занимава со високо интегрирани и глобални трговски активности кои вклучуваат различни видови на средства, можно е да се определи во кои претпријатија настануваат трошоците (или на кои одредени трошоците може да им се алоцираат), но не и прецизно да се определат конкретните трговски активности на кои се однесуваат овие трошоци. Во таков случај, може да биде соодветно да се подели бруто-добивката од секоја одделна трговска активност, а потоа од севкупните бруто-добивки што ќе се добијат како резултат да се одбијат трошоците направени од или алоцирани на секое посебно претпријатие, имајќи го предвид претходно наведеното предупредување. В.3.4 Како да се подели комбинираната добивка В.3.4.1 Општо 2.132 Релевантноста на споредливите неконтролирани трансакции или на интерните податоци и критериуми што се користат за остварување поделба на добивката во согласност со принципот „дофат на рака“, зависи од фактите и од околностите на конкретниот случај. Токму затоа, не е пожелно да се утврдува претходно подготвена листа на критериуми или на основи за распределба. Да се погледне параграф 2.115 до 2.117 за општи насоки во врска со конзистентноста при утврдувањето на факторите за поделба. Освен тоа, критериумите или основите за распределба што се користат за поделба на добивката треба: • да бидат реално независни од формулацијата на политиката за трансферни цени т.е. да се темелат врз објективни податоци (на пример, извршена продажба до независни претпријатија), а не врз податоци кои се однесуваат на надоместот од контролирани трансакции (на пример, извршена продажба до поврзани претпријатија); и • да бидат поткрепени со податоци за споредливи претпријатија и трансакции, со интерни податоци, или со обете. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ