OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 115

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 113 2.125 Заради утврдување на комбинираната добивка што треба да се подели, билансите на страните кои учествуваат во трансакцијата и врз кои се применува методот за поделба на трансакциската добивка, треба да се изготват врз единствена основа во смисла на сметководствена практика и валута, а потоа да се комбинираат. Бидејќи сметководствените стандарди можат да имаат значителни ефекти врз определувањето на добивката што треба да се подели, сметководствените стандарди треба да се утврдат пред примената на методот и истите треба доследно да се применуваат во текот на целото времетраење на аранжманот. Да се погледне параграф 2.115 до 2.117 за општи насоки во врска со доследноста при утврдувањето на комбинираната добивка што треба да се подели. 2.126 Во отсуство на даночно-сметководствени хармонизирани стандарди, финансиското сметководство може да послужи како појдовна точка за утврдување на добивката што треба да се подели. Примената на други финансиски податоци (на пример, податоци од сметководството на трошоци) треба да се дозволи онаму каде што такви евиденции постојат, каде што истите се веродостојни, врз нив може да се спроведе ревизија и истите се доволно сегментирани по видови на трансакции. Во овој контекст, како најполезни сметководствени евиденции можат да се покажат билансот на успех по одделни производни линии или биланси по дивизии. В.3.3.1 Фактичка добивка или проектирана добивка 2.127 Ако методот за поделба на добивката се користи од страна на поврзани претпријатија за утврдување на трансферните цени во рамките на контролирани трансакции (т.е. пристап ex ante), секое поврзано претпријатие ќе настојува да ја оствари онаа поделба на добивката што независните претпријатија би очекувале да ја остварат од ангажирањето во споредливи трансакции. Зависно од конкретните факти и околности, во практиката можат да се забележат поделби на добивка каде што се применува фактичката остварена добивка или проектираната добивка. 2.128 Кога даночната администрација ја анализира примената на методот што се користи ex ante со цел да утврди дали методот обезбедил веродостојно приближни цени до оние кои се во соглас