OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 114

112 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ изврши поделба на оваа збирна добивка врз основа на анализата на сите фактори што се релевантни за поврзаните претпријатија, а што би укажале на тоа како независните претпријатија би можеле да ја поделат разликата меѓу минималната цена на продавачот и максималната цена на купувачот. 2.123 Во некои случаи може да се спроведе анализа, како дел од поделбата на резидуалната добивка или како самостоен метод за поделба на добивката, која предвид ќе го земе дисконтираниот готовински тек на учесниците во контролираната трансакција за очекуваното времетраење на деловниот потфат. Ситуација во која ова би се покажало како ефикасен метод вклучува активности за започнување со вршење дејност каде што проекциите за готовинските текови биле изведени како дел од оцената на исплатливоста на проектот и каде што капиталните инвестиции и обемот на продажбата би можеле да се проценат со разумно ниво на сигурност. Меѓутоа, веродостојноста на еден таков пристап зависи од примената на соодветна дисконтна стапка, што пак би требало да зависи од пазарни мерила. Во оваа смисла, треба да се напомене дека премиите за ризик на ниво на индустриска гранка кои се користат за дисконтирање не прават разлика меѓу различни друштва, а уште помалку меѓу различни деловни сегменти, и како проблематични може да се јават процените за релативната временска динамика за остварување на приливите. Затоа, еден ваков пристап би налагал зна FB