OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 112

110 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ • Лицето што применува метод за поделба на трансакциска добивка (даночниот обврзник или даночната администрација) треба да биде подготвено да објасни зошто тој пристап се смета за најсоодветен имајќи ги предвид околностите на конкретниот случај, како и начинот на кој истиот се спроведува, а особено критериумите или главните основи за распределба кои се користат за поделба на комбинираната добивка. • Утврдувањето на комбинираната добивка што треба да се подели и на факторите при самата поделба, треба да се врши доследно во текот на целото времетраење на аранжманот, односно и во текот на годините во кои се бележат загуби, освен доколку и независни претпријатија во споредливи околности би се договориле поинаку и ако основата за примена на различни критериуми или основи за распределба е документирана или конкретните околности оправдуваат промена на аранжманот меѓу независни претпријатија. В.3.2 Различни пристапи за поделба на добивката 2.118 Постојат неколку пристапи со кои се проценува поделбата на добивката која би била прифатлива за независни претпријатија, кои зависно од околностите се темелат врз проектираната или фактичката добивка. Во следните параграфи се разгледуваат два пристапи. Овие пристапи, т.е. анализата на придонесите и резидуалната анализа не мора да бидат сеопфатни или заемно да се исклучуваат. В.3.2.1 Анализа на придонесите 2.119 При анализата на придонесите, комбинираната односно вкупната добивка остварена од контролираните трансакции што се разгледуваат, треба да се подели меѓу поврзаните претпријатија на начин што разумно ќе ја одрази поделбата на добивката што независните претпријатија би ја оствариле во рамките на споредливи трансакции. Оваа поделба може да се поткрепи со податоци за споредливи трансакции односно претпријатија, онаму каде што истите се достапни. Доколку такви податоци нема, оваа поделба често се темели врз релативната вредност на функциите што ги извршува секое од поврзаните претпријатија вклучени во контролираната трансакција, а земајќи ги притоа предвид користените средства и преземените ризици. Во случаите каде што релативната вредност на придонесите може непосредно да се измери, не би било потребно да се проценува фактичката пазарна вредност на придонесот на секој поединечен учесник во трансакцијата. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ