OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 107

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 105 Б.4 Примери за примена на методот на трансакциска нето-маржа 2.105 За илустративни цели, примерот со примена на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка од параграфот 2.53 ја покажува потребата за приспособување на бруто-маржата што произлегува од трансакциите за да може да се оствари конзистентна и веродостојна споредба. Вакви приспособувања можат да се извршат без поголеми проблеми онаму каде што релевантните трошоци можат лесно да се анализираат. Но, кога се знае дека е потребно приспособување, а не е можно да се определат конкретните трошоци за кои е потребно приспособување, сепак е можно да се идентификува нето-добивката што произлегува од трансакцијата и со тоа да се загарантира дека се применува доследно мерење. На пример, ако трошоците за надзор, општите и административните трошоци кои се третираат како дел од трошоците на продадените производи за независни друштва X, Y и Z не можат да се идентификуваат со цел маржата да се приспособи за да се постигне веродостојна примена на методот на цената на чинење плус вообичаена заработка, а во услови на непостоење на поверодостојни методи на споредба, може да се наметне потребата да се анализираат показателите за остварената нето-добивка. 2.106 Сличен пристап може да се примени во услови кога постојат разлики во функциите што ги вршат страните што се споредуваат. Да претпоставиме дека имаме иста ситуација како во примерот од параграф 2.38, со исклучок на фактот дека дополнителната функција на техничка поддршка наместо поврзано претпријатие ја вршат споредливи независни претпријатија, и при тоа овие трошоци се прикажуваат во делот на трошоците на продадени производи, но не можат посебно да се идентификуваат. Поради разликите во производите и пазарите, можно е да не се најде споредлива неконтролирана цена, при што методот на трговски цени не би можел да даде веродостојни резултати, бидејќи бруто-маржата на независните претпријатија би морала да биде повисока од бруто-маржата на поврзаното претпријатие за да може да се одрази дополнителната функција и за да се опфатат и непознатите дополнителни трошоци. Во овој пример, поверодостојни резултати би се добиле со анализа на нето-маржите за да може да се процени разликата во трансферната цена, со што би се одразила разликата кај функцијата. При примената на нето-маржи во таков случај, предвид ќе мора да се земе споредливоста и истата е можно да не е веродостојна доколку постои можност за одредено материјално влијание врз нето-маржата, како резултат од дополнителната функција или како резултат од пазарните разлики. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ