OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 106

104 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ посредник, оперативните трошоци можат да бидат релативно независни од формирањето на трансферните цени, освен доколку врз нив суштински не влијаат трошоците од контролирани трансакции, како на пример префактурирања од компанијата-мајка, закупнини или надоместоци за авторски права што се плаќаат до поврзано претпријатие. Зависно од фактите и од околностите на конкретниот случај, Бери“ коефициентите можат да бидат соодветен показател имајќи ги предвид горенаведените коментари. Б.3.6 Други насоки 2.103 Проблемите со примена на податоци од трети страни кои не се учесници во трансакцијата, во практиката се многу поприсутни кога се применува методот на трансакциска нето-маржа, поради големото потпирање врз екстерни споредливи трансакции и/или претпријатија, што секако не е специфика само на овој метод. Овој проблем настанува бидејќи често нема доволно јавно достапни податоци од кои можат да се изведат показатели за остварена нето-добивка на трети страни на ниво на трансакции. Токму затоа мора да постои задоволувачко ниво на споредливост меѓу контролираната трансакција и споредливите неконтролирани трансакции. Со оглед на факот дека најчесто достапни се податоци единствено на ниво на цели друштва, функциите што третата страна ги извршува во своето севкупно работење мора да бидат поставени слично со функциите што ги извршува тестираната страна во однос на нејзините контролирани трансакции, со цел неконтролирани трансакции да овозможат да се добие резултат во согласност со принципот „дофат на рака“ за контролираните трансакции. Основната цел е да се утврди нивото на сегментираност кое овозможува остварување на веродостојни споредливи податоци за контролираната трансакција, врз основа на фактите и на околностите на конкретниот случај. Доколку во практиката е невозможно да се оствари соодветно трансакциското ниво во согласност со овие Насоки, важно да се направат обиди и да се изнајдат најверодостојните споредл