OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 105

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 103 бруто-добивката; депрецијацијата и амортизацијата може но и не мора да се вклучат во оперативните трошоци, што ќе зависи од несигурностите што можат да настанат во однос на вреднувањето и споредливоста. 2.101 Изборот на соодветен финансиски показател зависи од фактите и од околностите на конкретниот случај (да се погледне параграф 2.76). Постои загриженост дека коефициентите „Бери“ понекогаш се користат во случаи каде што не се соодветни, без потребната претпазливост што е неопходна при изборот и при утврдувањето на кој било метод за трансферните цени или финансиски показател. Да се погледне параграф 2.92 во врска со примената на показатели кои се темелат на трошоци. Една од потешкотиите кои се јавуваат при утврдувањето на „Бери“коефициентите претставува фактот дека тие се многу чувствителни во однос на класификацијата на трошоците како оперативни или неоперативни, што може да создаде проблем во однос на споредливоста. Покрај тоа, проблемите спомнати во параграф 2.93 до 2.94 од претходниот текст во врска со“проодните” ставки, настануваат и при примената на „Бери“ коефициентите. „Бери“ коефициентите ќе бидат соодветни за проверка на надоместокот на контролирана трансакција (на пример, трансакција што се состои од дистрибуција на производи) доколку: • Вредноста на функциите што се вршат во рамките на контролираната трансакци