OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 101

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 99 во согласност со принципот „дофат на рака“ за набавки од поврзано претпријатие кои потоа се препродаваат до независни купувачи. Во такви случаи, износот на продажбата која претставува именител треба да биде износот од препродажбата на предметите набавени во рамките на контролираната трансакција што се анализира. Приходот од остварената продажба што е изведен од неконтролирани активности (набавки од независни страни кои потоа се продаваат до други независни страни) не треба да се вклучува во утврдувањето или во тестирањето на надоместоци остварени од контролираната трансакција, освен доколку неконтролирани трансакции немаат материјален ефект врз споредбата; и/или доколку контролираната и неконтролираната трансакција се блиску поврзани и не можат да се анализираат одвоено. Пример за втората наведена ситуација може да настане кога во неконтролирана трансакција се обезбедуваат постпродажни услуги или продажба на резервни делови од страна на еден дистрибутер до независни крајни корисници, каде што тие услуги се тесно поврзани со контролирани набавки од страна на дистрибутерот кои подоцна се препродаваат до истите независни крајни купувачи, на пример, бидејќи обезбедувањето на услуги се врши со користење на права или други средства што се добиени во согласност со договорот за дистрибуција. Да се погледне и дискусијата на тема „портфолио пристапи“ од параграф 3.10. 2.91 Кога показателот за нето-добивката се определува во однос на остварената продажба се поставува прашањето за начинот на кој треба да се опфатат рабатите и дисконтите што даночниот обврзник или споредливите претпријатија можат да им ги одобрат на своите купувачи. Зависно од сметководствените стандарди, рабатите и дисконтите можат да се третираат како намалување на приходот од продажба или како трошок. Слични потешкотии можат да настанат и во однос на добивките или загубите од курсни разлики. Кога овие ставки имаат материјално влијание врз споредбата, клучно е да се споредуваат две исти работи и да се применат истите сметководствени принципи, како за даночниот обврзник така и за споредливите претпријатија. Б.3.4.2 Случаи на пресметка на показателот на нето-добивката во однос на трошоците 2.92 Показателите што се темелат врз трошоците треба да се користат само во оние случаи во кои самите трошоци се релевантен показател за вредно