My first Magazine Vesnik br.7 | Page 9

МАЧР денес и утре Реализирани активности на МАЧР 9. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “The best HR Solutions for Facing Challenges in the Fast Growing Industries” Одржана на 31 мај—1 јуни 2017, хотел “Александар Палас” На Конференцијата беше доделена наградата HR менаџер на годината. За 2016 година наградата ја доби м-р Стефан Јовановски, директор за човечки ресурси во компанијата оне.Вип. Филипо Абрамо, поранешен претседател на Европската асоцијација за човечки ресурси беше прогласен за почесен член и поддржувач на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Покрај оваа награда, беше доделено уште едно вредно признание од страна на сопственикот на Вработување.ком г. Дарко Велков, кое го доби компанијата Џонсон Мети за најпосетуван огласувач на ектронскиот портал Vrabotuvanje.com, во минатата 2016 година. Согласно информациите од софистицитраниот софтвер за бизнис интелигенција со кој располага Vrabotuvanje.com, наградениот оглас имал над 290 000 посети. Наградата ја прими Дејан Тодоровски од Џонсон Мети. Галеријата на фотографии од гала вечерта може да се видат овде: http://bit.ly/2tgJIHj Овогодишната конференција беше помогната и поддржана од поголем број на компании и организации, меѓу кои: РСМ Македонија, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, С&Т Македонија, Шпаркасе Банка, Триглав Осигурување, Веро, Академија за банкарство и информатичка технологија, Семос, Алкалоид AД Скопје, Економски факултет – Скопје при Универзитет Св. Кирил и Методиј, Noble Manhattan Coaching, ВВ Тиквеш, Кроација Осигурување/Живот, КИА Моторс и Програмата за зголемена вработливост – ИМЕ. Презенрации - линк Промотивно видео - линк ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 9