My first Magazine Vesnik br.7 | Page 8

МАЧР денес и утре
Реализирани активности на МАЧР
9 . Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “ The best HR Solutions for Facing Challenges in the Fast Growing Industries ” Одржана на 31 мај — 1 јуни 2017 , хотел “ Александар Палас ”
Жерард
О ‘ Донован ,
говорник
и
коуч
од
Британија ,
зборуваше
за
комбинација
од
лидерство
и
коучинг .
― Светот во кој живееме има потреба од лидерство и коучинг . Живееме во свет што се менува . Предвидувам дека следните седум години светот значително ќе се промени . А коучингот ги менува луѓето , им помага да се надградуваат , да растат , да креираат … Коучингот е нешто што доаѓа . Магазинот Fortune пред две години напиша дека луѓето не ги напуштаат компаниите , туку ги напуштаат менаџерите . А ќе ви кажам кого никогаш нема да го напуштат луѓето – инспиративен лидер . Да зборуваме за лидерството . Што имаат лидерите ? Визија . Визија да ги видат своите тимови , компании , земји на поинаков начин , да сакаат да постигнат повеќе , да остават повеќе наследство зад себе … Што друго имаат големите лидери ? Добри се во комуникација . Следно , лидерите имаат интегритет , луѓето им веруваат . Лидерите имаат отворени умови , сакаат да учат , да се менуваат , да растат . Ова се квалитети на лидерите ”, рече О ‘ Донован .
За најновите трендови во регрутирање вработени зборуваше Игор Жоња , извршен директор на интернет страната за вработување Мој Посао од Хрватска , кој воедно ја најави и идната соработка со Вработување . ком .
Дарко Велков , директорот на Вработување . ком , пак , излезе со факти извадени од оваа платформа , за тоа што се случува и ќе се случува на пазарот на трудот , што е многу важно за сите сопственици на компании и за менаџерите на човечки ресурси . Според аналитиката на оваа платформа , топ пет позиции со најмногу објавени огласи на она што се барало во Македонија 2016 и на почетокот на 2017 се : продажбата на прво место , потоа возачи , курири , дистрибутери , на трето место е кадар во угостителство , комерција на четврто и работници за во магацин . По индустрии , најмногу објавени огласи има во индустријата за малопродажба , потоа угостителство , ИТ , трговија и дистрибуција и на петто место е производство . Најмногу добиени апликации по работна позиција има од областите : продажба , дистрибуција и возачи , комерцијалисти , магацин и администрација . Како дефицитарен кадар минатата година и на почетокот на оваа година , во топ пет се : текстилни работници , осигурителни агенти , кол оператори , кадар за во угостителство , технички персонал ( заварувачи , лимари итн .) и ИТ кадар . Предвидувањата за 2017 се дека продажбата ќе биде многу дефицитарна позиција , ќе се бараат осигурителни агенти , кол оператори , ИТ профили , инженери , фризери , козметички работници и медицински специјалисти .
( продолжува ) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 8