My first Magazine Vesnik br.7 | Page 53

Станете член на МАЧР !
За крај

Станете член на МАЧР !

Придружување кон членството на МАЧР
Најголемата вредност и причината на постоењето на Македонската асоцијација за човечки ресурси е нејзиното членство , кое моментално брои околу 100 индивидуални членови на годишно ниво . Од таа причина Асоцијацијата секојдневно работи кон залагање за интересите на членовите и нивните аспирации поврзани со поддршка и со промоција на МЧР професијата , како и исполнување на нивните очекувања преку унапредување на професијата . Доколку и вие сакате да станете дел од оваа мрежа на професионалци од HR областа , да се дружите , да разменувате искуства , можни идни соработки , а можеби и нови работни места , повелете и придружете ни се ...
Што добивате преку членството во ова Здружение на граѓани ?
• Едукативни настани во наша организација или во организација на нашите блиски соработници и партнери ;
• Меѓународни конференции , обуки , настани , работилници-бесплатни или по повластени цени ;
• Известувања за најновите настани и случувања во областа на HRM во земјава и во Европа ;
• Можност за директно вклучување во работењето на Здружението во некоја од работните групи во рамките на МАЧР ;
• Можност за целосно вклучување и креирање проекти од областа на HRM , притоа застапувајќи го Здружението ;
• Последно , но и најважно — ширење на мрежата на контакти и вклучување во NET- WORKING-от на здружението на докажани и врвни HR експерти и професионалци од приватниот и од јавниот сектор од земјава и од странство и размена на искуства и практики .
Кој може да биде член на Здружението ?
� HR професионалци , експерти и консултанти
� HR директори , раководители и вработени во одделите за управување со човечките ресурси од приватниот и од јавниот сектор
� професори , но и студенти и почетници во областа на HRM т . е . сите заинтересирани лица за дејствување во областа на управувањето со човечките ресурси !!!
Како да станете член на Здружението ?
� пополнете и потпишете ПРИСТАПНИЦА за членство ( и доставете ја до Извршната канцеларија на МАЧР или скенирана на електронската адреса : contact @ mhra . mk ), и
� уплатете го износот за годишната членарина Оние што имаат поднесено Пристапница за членство вршат негова обнова со уплата на годишната членарина за тековната година .
Ве очекуваме ...
** За сите детални информации и дополнителни насоки конктактирајте нè н на : contact @ mhra . mk или 078 / 389-277 .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 53