My first Magazine Vesnik br.7 | Page 50

HR Актуелности ШТО ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА Автор: Ангел Димитров Претседател Организацијата на работодавачи на Македонија Министерот за труд и социјална политика во согласност со министерот за финансии, донесе Правилник за начинот на обезбедување на финансиската помош за исплата на минимална плата. Во правилникот е уредено дека при поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата до Управата за јавни приходи (МПИН), за периодот од септември 2017 година - август 2018 година, од страна на работодавачот се означуваат вработените лица за кои се бара обезбедување на финансиска помош за исплата на минимална плата, со шифра 401 во поле 3.23 од клиентскиот софтвер. На овој начин се олесни постапувањето на работодавачите бидејки не беа приморани да поднесуваат посебни барања во хартиена форма и да обезбедуваат докази дека ги исполнуваат критериумите од членот 4- в од Законот. Но за жал се појавија и одредени проблеми, како на пример:  При пресметката на просечниот износ на исплатена месечна нето плата за месеците Јануари-Март 2017 год. не може да се одбие додатокот за прекувремена работа (35%), иако според ставот (2) од членот 4-б од Законот стои дека во просечниот износ на нето плата не се пресметува додатокот за прекувремена работа;  При пресметката на просечниот износ на исплатена нето плата исто така не е возможно да се издвои додатокот од 0,5% годишно по основ на работен стаж иако во законот во членот 2 минималнта плата се дефинира како основна плата во која не влегуваат додатоците. Ова од проста причина што во месечната пресметка на плата –образецот МПИН не постои податок за овие додатоци и УЈП мораше да калкулира со вкупната месечната нето плата во која влегуваат сите додатоци на плата (за прекувремена работа, за работа на празник, за ноќна работа и за работен стаж). На овој начин за голем број на работници работодавачите добија известување дека не им следува финансиска помош иако согласно законот им следува.  Софтверот на УЈП исто така ги исклучува работниците кои се вработени во Февруари и Март 2017 год. или работниците кои во некој од овие три месеци користеле боледување на терет на Фондот за здравствено осигурување и кои во некој од овие месеци немале барем еден ден остварени работни часови кај работодавачите.  При изготвување на Законот исто така не се зема во предвид дека ќе се појават случаи кога во 2016 год. некои компании имале добивка повисока од 10% од вкупните расходи, ама таа добивка е остварена од продажба на недвижности или некои други приходи кои не потекнуваат од основната дејност на компанијата, а од основната дејност имаат загуба или многу мали добивки. Имајки ги во предвид овие недоследности а и фактот дека финансиската помош е далеку помала од зголемените трошоци на компаниите, голем број на компании воопшто не поднесоа барање за финансиска помош и вкупно поднесените барања се драстично помали од очекуваните. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 50