My first Magazine Vesnik br.7 | Page 5

МАЧР денес и утре Реализирани активности на МАЧР 9. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “The best HR Solutions for Facing Challenges in the Fast Growing Industries” Одржана на 31 мај—1 јуни 2017, хотел “Александар Палас” ―Дали знаете што се случува во 60 секунди на Интернет? Се праќаат 452.000 твитови, 900.000 логирања на Facebook, 3,5 милиони пребарувања на Google, се праќаат 156 милиони мејлови, се трошат 751.522 долари онлајн… Човечките ресурси треба да се соочат со менувањето на бизнис потребите и развојот на работната сила и да се адаптираат на промените. Технологијата го менува начинот на кој работиме и комуницираме. Дигиталната технологија во човечките ресурси носи промени во три клучни работи: овозможување на нови пристапи кон обезбедување на HR услуги; воведување демократизација во менаџирањето на таленти и овозможување на човечките ресурси да функционираат повеќе како маркетинг. Со промените во човечките ресурси, оваа област ќе биде поцентрализирана во бизнисот. Сè ќе биде поразлично од човечките ресурси какви што ги знаеме денес”, објасни Алптекин. Професорите Лесли Самози и Крис Лиасидес од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити колеџ, Грција, се редовни гости- спикери на годишната интернационална HR конференција. Двајцата професори преку заедничка и интерактивна презентација ја отворија темата за тоа како менаџментот со човечките ресурси повторно да се врати на врвот. „Човечките ресурси е наука каде се случуваат многу промени, постојано се движи напред и се појавуваат нови трендови кои треба задолжително да се знаат. Вистинските професионалци за човечки ресурси треба да поседуваат и бизнис вештини освен основните за човечки ресурси. Ова е тренд кој најверојатно ќе продолжи и во наредните години. Затоа, ние преку нашето излагање ќе ги натераме учесниците на конференцијата да размислат кои се и што сакаат. Ќе откриеме некои скриени елементи за тоа како менаџментот со човечки ресурси да се искачи на врвот. Преку дискусија и интеракција со учесниците, ќе се отворат некои многу важни прашања како што се тешкотиите при остварување на оваа цел и како таа може да се постигне“, гласеше дел од најавата на професорите. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 5