My first Magazine Vesnik br.7 | Page 49

HR Актуелности
ШТО ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА
Автор : Ангел Димитров Претседател Организацијата на работодавачи на Македонија
Понатаму , на работодавачите кои имаат воведено нормиран учинок и оние кои сакаат да го воведат во своето работење им се насочува дека треба да донесат интерен акт , кој особено би требало да содржи :
� назив на работните места за кои се врши нормирање ;
� методот на нормирање може да се врши врз основа на примена предходно искуство , самостајни мерења , самостојни проценки и сл .;
� мерењето на резултатот , односно нормираниот учинок треба да е мерлив изразен во количини , време , вредност и сл .
Исто така се укажува дека нормирањето може да се воведе само за работните задачи за кои обемот на работењето може егзактно да се измери . Во врска со потврдата за остварениот учинок се укажува дека , кога процентот на остварениот нормиран учинок е наведен во месечната пресметка на плата , работодавачот нема обврска да издава посебна потврда .
Со измените се измени и начинот на усогласување на минималната плата . Така , за разлика од порано , кога , како основ за усогласување се земаше само со порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија за претходната година , сега таа се усогласува со :
една третина од порастот на просечно
исплатената
плата
во
Република
Македонија ;
една третина од порастот на индексот на трпшоците на живот и
една третина од реалниот пораст на бруто
домашниот
производ ,
за
претходната
година .
ФИНАНСИСКА ПОМОШ
Со измените исто така е предвидена финансиска помош за компаниите кои во месеците Јануари , Февруари и Март 2017 год . имале исплатувано плати пониски од 11.500 денари . Финансиската помош изнесува 2.000 денари за плати до 10.000 денари , 1.500 денари за плати до 10.500 денари , 1.000 денари за плати до 11.000 денари и 500 денари за плати до 11.500 денари . Финансиската помиш за месеците Март 2018 до Август 2018 се намалува за 50 %.
Финансиската
помош
ги
следува
работодавачите
кои
ги
исполнуваат
следниве услови :
� работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или персонален данок на доход за вработеното лице од членот 4-а став ( 1 ) од овој закон ;
работодавачот да има статус на активен обврзник , односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно со членовите 477 , 477- а , 552-а и 552-б од Законот за трговските друштва ;
� работодавачот во 2016 година да остварил загуба или нето добивка по оданочување во износ помала од 10 % од вкупните расходи ,
� работодавачот да ги има подмирено обврските по основ на плата , придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци , заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош .
( продолжува ) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 49