My first Magazine Vesnik br.7 | Page 47

HR Актуелности
ШТО ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА
Автор : Ангел Димитров Претседател Организацијата на работодавачи на Македонија
МАЛКУ ИСТОРИЈА
На крајот од 2011 год . Собранието на РМ донесе Закон за минимална плата во Република Македонија , кој отпочна да се применува со платата за месец Јануари 2012 год . Законот беше објавен во „ Службен Весник на РМ ― бр . 11 / 12 и некои тоа го сметаа како „ историски момент ― затоа што до тогаш во Македонија минималната плата или „ најниската плата за одделни степени на сложеност ― се регулираше со грански колективни договори .
Висината на минималната плата изнесуваше 39,6 % од просечната бруто плата во Републиката за претходната година , согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика . Вака пресметаната минимална плата изнесуваше 8.050 денари во нето износ .
За одделите кои во Јули 2011 год . имаа исплатена просечна плата под нивото од 15.600 денари во бруто износ , се предвиде период на усогласување од 3 години , така што тие за 2012 год . имаа минимална плата пониска за 22,2 %, за 2013 год . за 14,8 % и за 2014 год . за 7,4 % . Тоа беа одделите 13-Производство на текстил , 14-Производство на облека и 15-Производство на кожа и слични производи .
Првиот проблем се појави уште во 2013 год . кога во Февруари 2013 год . Заводот за статистика ја објави просечната бруто плата за 2012 год . Согласно Законот за минимална плата Економско социјалниот совет на РМ требаше да ја утврди висината на минималната плата за 2013 год и да ја достави до Министерството за труд и социјална политика истото да ја објави . Но бројките покажуваа дека просечната плата за 2012 год . не само што не е зголемена туку имаше мал пад во однос на 2011 год . Затоа ЕСС му предложи на МТСП минималната плата да остане на нивото од 2012 год . во износ од 8.050 денари , а зголемување да се изврши само на одделите 13 , 14 и 15 од 6.263 денари на 6.859 денари согласно претходно утврденото усогласување .
Веќе во 2014 год . Владата одлучува да го смени концептот за минимална плата и наместо процент од платата остварена во минатата година одлучи да се утврди фиксен износ и тоа 13.140 денари во бруто или 8.800 денари во нето износ за 2014 год ., 9.590 денари за 2015 год . и конечни 10.080 за 2016 година . За одделите 13,14 и 15 таа за 2014 год . изнесуваше 7.700 денари со постепено покачување во 2018 год . да ја достигне минималната плата од 10.080 денари . („ Службен весник на РМ ― бр . 30 / 14 од 10.2.2014 г ., во сила од 18.2.2014 година ).
Ваквото поголемо покачување не предизвика некои поголеми негативни реперкусии во поглед на напуштање на работници , а статистичките податоци покажуваат дека во периодот Фебруари 2014 год . до Март 2017 год . просечната нето плата во Републиката пораснала за 7,2 %, а во одделот 14-Производство на облека дури за 22,9 %. Ова зборува дека притисокот од минималната плата се почуствувал само кај одделите со нај ниски плати додека не предизвикал поголемо покачување на одделите кои имаат повисоки плати .
( продолжува ) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 47