My first Magazine Vesnik br.7 | Page 45

HR Интервју
Компаниите треба да се во чекор со трендовите !
Одблиску со г . Рок Жупанчич , Телеком Словеније – Гостин-предавач на 9тата годишна интернационална конференција за човечки ресурси
Кои се вашите три совети кои ги препорачувате како начин за стекнување на компетитивна предност при привлекување и заджување на талентите во компанијата ?
Најпаметните и најталентираните луѓе во компанијата не се мотивирани од пари и профит туку од предизвик . Тие сакаат да бидат во можност да уживаат во проектот на кој што работат , да знаат зошто работат на него и како тој проект ќе влијае на околината . Па така компаниите кои сакаат да привлечат талентиран кадар треба покажат дека главен приоритет на компанијата е иднината и идниот развој затоа што денешните генерации се повеќе заинтересирани за претприемништво и стартап проекти , а помалку привлечни им се старите бизниси од типот банкарство , осигурување и сл . Компаниите треба да се во чекор со трендовите .
И трето , компаниите треба да создадат и програми за развој на талент кадри и развој на кариера на вработените се уште два фактори кои ќе ги привлечат младите таленти .
Кои фактори влијаат за да еден систем за управување на перформанси биде ефективен и со кои предизвици се соочува департманот за менаџмент на човечки ресурси ?
За еден систем за управување на перформанси да биде ефективен треба да ги покрива сите релевантни HR и бизнис практики односно целите на вработените да се поврзани со бизнис целите на компанијата . Системот треба да понуди одговор на две важни прашања : што правиш ( цели ) и како тоа го правиш ( компетенции ). Повратниот одговор се добива од вработените кои мора да знаат што треба да прават , како да го направат тоа и како сработеното ќе биде оценувано .
Податоците од системот потоа ќе бидат обработени и ќе се дојде до заклучок кој вработен колку ќе биде награден , платен , унапреден или пак дообучуван за позицијата . Исто така ќе бидат и детектирани вработени кадри кои не придонесуваат доволно и се под стандардите на компанијата .
И за крај секој систем е ефикасен онолку колку што менаџерот знае да управува со истиот . Важно е за лидерот или менаџерот да знае да управува со податоците , да ги разбира и да ги обработува истите за да може да носи одлуки кои се со цел за подобрување на перформансите на вработените и на фирмата . Затоа од витална важност е еден менаџер постојано да го надоградува своето знаење во овој сегмент .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 45