My first Magazine Vesnik br.7 | Page 44

HR Интервју Компаниите треба да се во чекор со трендовите! Одблиску со г. Рок Жупанчич, Телеком Словеније – Гостин-предавач на 9тата годишна интернационална конференција за човечки ресурси Kако би ја опишале вашата кариера и што ве мотивираше да одберете професија во областа на човечки ресурси?  Јас всушност имам завршено на Правниот факултет во Љубљана и мојата прва работа беше во Министерството за одбрана каде што работев на законот за работни односи. Набрзо сфатив дека повеќе ме интересира решавањето на системските проблеми отколку оперативните и дека уживам да работам со различни луѓе. Па така природниот избор ме однесе до менаџмент на човечки ресурси каде што работам на решавање на системски проблеми кои имаат за цел да влијаат на бизнис резултатите и на задоволството на вработените.  Живееме во време на брзорастечки индустрии и напредна технологија па така комуникацијата меѓу луѓето е од витална вредност. Што мислите кои се најголемите предизвици со кои се соочува департманот на човечки ресурси во телекомуникациската индустрија? Моментално се соочуваме со два проблеми и тоа: телекомуникациската индустријата созрева и напреднува се повеќе па така држење на чекор со истата но и генерирањето поголем профит станува предизвик. Постојат три решенија за овој проблем: 1) Менаџментот да ги конкурентските компании откупи 2) Да инвестира во нови бизниси (спор и долг процес) 3) Да ги намали трошоците Намалувањето на трошоците во областа на човечки ресурси, често подразбира воведување на некои непопуларни и негативни мерки како што е отпуштање на вработените. Вториот проблем со кој што се соочуваме е фактот што границата меѓу телекомуникациската и IT индустријата станува скоро невидлива односно компетициите кај вработените кои што и двете индустрии ги бараат се многу слични. Па така имате случај каде што компании како Apple, Google, Telco, IBM бараат работници со слични способности и вештини. Ова, неизбежно влијае на департманот за човечки ресурси бидејќи тие во исто време се соочуваат со двата проблеми: на едната страна е намалувањето на трочшоците и на друга страна е менаџирање на вработените и регрутирање на нови работнци со компетенции кои се бараат а е тешко да се најдат. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 44