My first Magazine Vesnik br.7 | Page 43

Стручни трудови и статии Дигитална интелегенција ја зголемува продуктивноста! Автор: д-р Марко Кести, професор по општествени науки на Универзитетот во Лапланд, Финска Втор пример за интелигентен HR се дигиталните игри за учење на лидери. Know- how за управување со луѓе се подобрува со помош на симулации на работното место. Овие игри ќе разјаснат дали менаџерите можат да ги користат своите знаења во различни практични ситуации и решавање на различни проблеми со кои се соочува организацијата и нејзините вработени. Менаџерите треба да бидат способни да се прилагодат на најдобрите практики со човечките ресурси во реално време, како предизвици за работата кои се појавуваат во заедницата. Таквите дигитални игри ќе можат да ги симулираат повратните информации на вработените, како и да му дадат витални информации на менаџерот за економските последици од сопствените постапки. Игрите се економично ефикасен личен тренер кој ќе го води менаџерот во ефективно работење во различни ситуации кои би можеле да се појават на работно место. Продуктивноста ќе се зголеми кога ќе се подобрат професионалните вештини на лидерите. Со дигитализација на работното место, лидерите теоретски треба да имаат повеќе време да комуницираат со вработените, но ситуацијата сеуште е обратна.” Опишаните примери веќе постојат и нивната ефективност е подложена на научни достигнувања. Според досегашните истражувања, овие нови дигитални решенија ја зајакнуваат организациската ефикасност преку подобрување на квалитетот на работниот живот на вработените. Годишниот раст на продуктивноста е проценета да биде околу 3000 евра по вработен годишно – конзервативна проценка. Подобрување може да се постигне секоја година и за неколку години последователно, според студиите. Ова значи дека проблемот со продуктивноста што во моментот ги оптоварува компаниите од приватниот живот во Финска може да биде решен во две години. * Текстот е преземен и преведен од Worldlink Europe, vol.26 no.5 October 2016 ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 43