My first Magazine Vesnik br.7 | Page 42

Стручни трудови и статии
Дигитална интелегенција ја зголемува продуктивноста !
Автор : д-р Марко Кести , професор по општествени науки на Универзитетот во Лапланд , Финска
Интелегентната дигитализација од HR функциите може драматично да го подобри управувањето со човечките ресурси , значително зголемувајќи ја продуктивноста на вработените .
Во Финска , HR административните функции се добро дигитализирани . Ние го следиме перформансот на вработените користејќи различни индикатори . Известувањето преку податоци е прогресивно и во тек па така најдобрите практики се дистрибуирани електронски . Во тој случај , персоналните ризици се минимизирани и каузалните врски се интерпретирани брзо со помош на податоците . Благодарејќи на електронските алатки и високото ниво на Know-how , Финскиот HR менаџмент е веројатно меѓу светските најефикасни .
Како и да е , ние сме само на почетокот од дигиталната еволуција на организацискиот менаџмент и сеуште го правиме најосновното . Преку информациониот менаџмент , ние ја подобривме стратегиската анализа и станавме повеќе проактивни . Но ние само ја имаме изгребано површината во максимизирање на нашиот нематеријален човечки капитал . Научните истражувања индицираат на тоа дека организациите ќе постигнат конкурентска предност преку HR аналитика базирана на знаење . Според истражувањата на Финската влада и Советот на иновации ― Дигитализацијата на нашето општество и економија е во почетната фаза , а во иднина значително ќе се промени нашиот начин на учење и работење ... Високо квалитетното истражување и искористување на неговите резултати и адаптирање на технологијата се неопходни предуслови за нови иновации , продуктивноста и економскиот раст .‖
Со дигитализација на работното место , лидерите теоретски треба да имаат повеќе време да комуницираат со вработените , но ситуацијата сеуште е обратна . Како што системот ќе собира информации и ќе известува за резутати , ќе биде потребно додатно време и Know-how за да се анализираат информациите и имплементираат решенија . Во иднина , овие системи не само што ќе собираат податоци , туку исто така ќе служат интелегентно во управување на стратешко и практично ниво .
Следната генерација на дигитализација ќе ги собира и шири вистинските информации во вистинското време и ќе ги илустрира резултатите јасно , така што промената ќе може да се спроведе ефикасно . Така , вниманието на лидерите ќе биде насочено попродуктивно како на пример во проширување и подобрување на нивната комуникација со работниците .
Еден пример за интелигентна HR алатка е дигиталниот робот кој собира податоци на премолченото знаење и продуктивноста на вработените . Истражувањето не е направено во регуларни интервали но континуирано прашува прашања на одредено време со цел информацијата да е постојано апдејтирана . Бидејќи прашалникот е краток , само 15 прашања , не одзема многу од корисното работно време . Резултатите може да се користат за стратешка и практична акција во реално време . На пример , менаџментот предходно можел да реагира само откако ќе се зголеми отсуството на вработениот , сега може да ги разбере причините и да реагира на време , пред да се изгуби продуктивноста .
( продолжува ) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 42