My first Magazine Vesnik br.7 | Page 41

Стручни трудови и статии
10 совети за подобрување на посветеноста на вработените
10 совети за подобрување на посветеноста на вработените
Автор : Gwyneth Letherbarrow MBA Креатор на Dream Team Formula™ , автор , спикер , тренер за професионален развој , Feelgood Coaching and Consulting e . U . ( Австрија )
7 . Помогнете му на вашиот тим да биде тим
Одличен начин да се започне неделата е со поминување на неколку минути заедно – одете низ канцеларијата и побарајте од сите да истакнат едно достигнување од претходната недела , потоа побарајте да кажат на што ќе се фокусираат во следните денови . Ова ќе ве осигура да сите го кажат своето и ќе им дозволи активно да придонесат .
8 . Team Building ( Градење на тим )
Многу менаџери бегаат од ова затоа што тие предвидуваат скапи настани кои го вклучуваат целиот персонал – што значи никаква работа нема да се заврши . Но team building може да биде едноставно нешто како купување на вкусно кафе во петок наутро . Само потсетувајте се да не го правите вашиот team building , натпреварувачки бидејќи на долг рок ќе ја вратите чекор назад вашата напорна работа .
9 . Направи промена и во вашата глава и во вашето срце
Секој пат кога некој си оди или се придружува во тимот , секој пат кога сте на одмор или некој нов проект почнува или завршува , секој пат кога некој е унапреден или награден на некој начин , односно секој пат кога рутината е прекината , динамиката на тимот ќе се промени . Разберете дека луѓето се справуваат со промената со различна брзина , и направете се што е во ваша моќ да ги направите работите полесни за вашите колеги со тоа што ќе ја споделувате секоја релевантна информација на дневна база . Ако не смеете да им кажете нешто бидејќи доверливоста е вклучена , кажете им зошто – никогаш не лажете !
10 . Грижете се за себе
Не сакам да бидам сурова , но доколку не уживате во управувањето со луѓето тогаш најдете си друга работа ! Да се биде менаџер носи голема одговорност за доброто на другите , и како што се вели ― вработените никогаш не ја оставаат компанијата , тие секогаш оставаат лош менаџер ‖.
Бидете искрени со себе за тоа што сакате да правите , бидејќи доколку вашиот ангажман и мотивацијата падне , вашиот тим нема да биде далеку зад вас .
Со среќа !
Гвинет
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 41