My first Magazine Vesnik br.7 | Page 39

Стручни трудови и статии 10 СОВЕТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОСВЕТЕНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ Автор: Gwyneth Letherbarrow MBA Креатор на Dream Team Formula™, автор, спикер, тренер за професионален развој, Feelgood Coaching and Consulting e.U. (Австрија) Што е ангажман на вработени? “Збир на позитивни ставови и однесувања, кои овозможуваат високи перформанси во работата на начин кој што коренспондира со мисијата на организацијата” (John Storey et al. – 2009) Постои огромно количество на литература пишувана на оваа тема за ангажманот на вработените. Уште од 2000 година кога започнавме да бидеме се повеќе загрижени за тоа дали вработените ја даваат својата вредност на годишните статистики спроведени од Gallup е покажано малку или воопшто немање на подобрување. Тогаш што е погрешно? Комуникацијата, технологијата, притисокот на работа, културните и генерациските разлики – сите овие се фактори кои влијаат на недостатокот на мотивацијата, која многу од вработените ја чувствуваат. И тука е клучниот збор – ЧУВСТВУВА – бидејќи знам дека постојат денови кога ќе се чувствуваш уморно и само ќе сакаш да одиш дома и да се скриеш, и дека постојат и други денови кога сакаш да ја затвориш вратата на канцеларијата и да не зборуваш со никого. Но не е професионално да зборуваш за ‗чувствата‘ на работното место, и ако некој те квалификувал за работа тогаш тие очекуваат да ја завршиш! Причината за тие неславни Gallup статистики кои не се подобруваат е тоа што многу малку работодавачи ги превземаат потребните чекори за справување со нивниот процес на регрутација и нивните вработени одделно. Дали емотивната интелегенција е одговорот? ДА! Постојат десет начини на кои може да се подобри ангажманот на вработените со малку или без воопшто (финансиски) трошок – но тие бараат да се тргнеш од својата комфорна зона и да превземеш АКЦИЈА. 1. Огласот за доделување на работно место Твојот психолошки договор со идните колеги започнува во истата секунда кога тие ќе го прочитаат твојот оглас за работно место. Немој само да доставиш листа на задачи и одговорности. Пред да го објавиш огласот за слободни работни места, размисли за карактеристиките на личноста која сакаш да ја вработиш и вклучи го тоа во објавата. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 39