My first Magazine Vesnik br.7 | Page 38

Стручни трудови и статии
Организациски системи – Еден друг поглед на организацијата ЛУДЕТО СЕ БИЗНИСОТ , БИЗНИСОТ Е ЛУДЕТО ! Автор : Марина Анчевска
Основач на Центар за бизнис психологија-Системски НЛП на ЈИЕ НЛП тренер , сертифициран lifestyle коуч , инспиратор , јога учител Член на МАЧР
Чувството на припадност ја креира мотивацијата и желбата за растеж .
Никогаш не заборавајте дека ако не постојат луѓето , организацијата ќе биде само празен објект .
За жал , постојат многу организации во коишто иако има луѓе во нив , тие сепак се празни .
Креирањето на чувството на припадност е процес во којшто се работи на подигнување на свеста и на преземање лична одговорност во создавањето систем , во којшто сакате да припаѓате .
Како сме поврзани со самите себе – се рефлектира врз поврзаноста со другите , кон светот и обратно . Како сме поврзани со светот и со другите – укажува на тоа како сме поврзани со самите себе . Ние сме во една мрежа од релации и нашето постоење е во постојана поврзаност со другите и со светот околу нас . Сите потсвесни динамики што секој поединец ги носи во себе , се дел од креирањето на организацискиот систем .
И затоа , нвестирањето во личниот развој на вработените , не е трошок , туку повратна инвестиција !
Авторката на овој текст , Марина Анчевска , неодамна ја издаде својата книга ― Едноставно јас ”, во која пишува за тоа како да се биде едноставно свој .
Во истата е прикажано дека човекот функционира на четири полиња : Ментално поле , физичко поле , поле на енергија и поле на душата . Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат . Според Марина , од клучно значење е да научете како да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња . Запрашајте се себе си дали трошите или инвестирате време , пари и енергија ? Дали ризикувате , правите нешто ново со цел да креирате промена или останувате на сигурно , затоа што тоа ви е познато и знаете што да очекувате ? Овие и многу други прашања , практични вежби и искуства од областа на НЛП , коучингот , емоционалната интелегенција , јогата и семејната терапија ќе ве поттикнат да бидете едноставно свои !
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 38