My first Magazine Vesnik br.7 | Page 37

Стручни трудови и статии
Организациски системи – Еден друг поглед на организацијата
ЛУДЕТО СЕ БИЗНИСОТ , БИЗНИСОТ Е ЛУДЕТО ! Автор : Марина Анчевска
Основач на Центар за бизнис психологија-Системски НЛП на ЈИЕ НЛП тренер , сертифициран lifestyle коуч , инспиратор , јога учител Член на МАЧР
Човекот како поединец во конекција со другите , во една организација е тој што ја движи организацијата и ја води кон успех или кон неуспех . Најзначајниот показател за тоа како функционира една организација , всушност , се меѓучовечките односи , т . е . наједноставната комуникација меѓу вработените . Секоја единка е одговорна и учествува во креирањето на организацискиот систем .
Што е тоа што една организација ја поврзува и ја прави една целина ? Одговорот е многу едноставен : Луѓето !
Колку од вработените ги знаат вредностите на организацијата , колкумина се вистински поврзани со нив и колкумина имаат чувство на припадност ? Дали воопшто се чувствуваат дел од организацискиот систем или пак целта на нивното работење е само преживување ?
Овие прашања се клучни кога се зборува за организациски системи .
Меѓутоа сѐ започнува од семејните системи . Еден организациски систем е збир на поединци , кои што потекнуваат од свој уникатен фамилијарен систем . Секој од нас во себе го носи својот фамилијарен систем и истиот потсвесно го пресликува во организацискиот . Влијанието на семејните системи и динамики , во секојдневниот живот на лично и професионално поле , е огромно . Тие се основата на вредностите од коишто произлегуваат начинот на комуникација , на однесување и дејствување .
Сите овие испреплетени динамики што се провлекуваат низ целиот наш живот и што нѐ прават да бидеме тоа што сме , се столбовите на кои се темели нашиот живот .
И во една организација сите вработени се системски поврзани во организацискиот систем и зависат еден од друг . Оваа поврзаност не познава хиерархија , туку организацијата ја движи поврзаноста човек со човек . Организацискиот систем вели дека , секој поединец е значаен и можеби не е најдобар , но е таму затоа што е потребен и едноставно затоа што е таму , каде што е .
Во каква улога сте на Вашето работно место ? Што кажува вашето однесување ? Што надополнувате , која емоција или која празнина од Вашиот семеен систем ?
Во денешно време неизбежно е , функционирањето на една организација да не се погледне од една друга перспектива , како што е системска поврзаност . Тренинзи кои што ги откриваат динамиките во еден организациски систем се неизбежни , бидејќи преку нив се освестуваат обрасците на однесување , дејствување и комуникација на секој поединец .
Овие тренинзи ја гледаат организацијата како процес којшто е во постојан развој . Колку повеќе поединецот се развива на лично поле , толку повеќе неговиот напредок влијае на околината и креира промени .
Колку од вашите колеги , вработени , работат за да живеат т . е . да придонесуваат , а колку за да преживеат ? Колку од нив вистински припаѓаат во организацискиот систем ?
( продолжува ) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 37