My first Magazine Vesnik br.7 | Page 36

Стручни трудови и статии
Развој на креативноста на лично ниво , развој на меките вештини ...
Автор : д-р Елица Перчинкова Член на МАЧР
Од голема помош за лидерите , е да разберат како групите и индивидуите функционираат . Потребно е да се познава групната динамика во тимот и во организацијата , фазите на тимската работа , очекуваните проблеми , техники за решавање на конфликтите . Како заеднички содржател на сите фактори кои влијаат врз ефективноста на тимската работа е ефективната комуникација .
Секој член на тимот треба да биде фокусиран на целите и да соработува со другите членови на тимот . Во секој тим може да постои конфликт и недостиг од разбирање на концептот . Секоја индивидуа треба да ја види својата улога во групата , но , исто така , е потребен и лидер да ги вклучи членовите во тимот кон постигнување на групните цели .
Улогата на водството е клучна кон постигнувањата на една успешна и креативна група . Секој член треба да биде свесен за својата улога , функција и одговорност и тоа мора да биде јасно дефинирано и напишано за да се избегнат конфузии , недоразбирања и можни конфликти . Секој мора јасно да ја види својата улога согласно со неговите лични и други должности и да помогне групата , односно тимот да ја постигне целта . Придонесот од групната практика во смисла на тоа како индивидуите ја користат силата на групата и ги препознаваат постигнувањата и изведбата се многу важни и не треба да се занемарат во групното работење . Корисно е да се земат предвид концептите како групна креативност , тимски развиена структура и организација ако се види дека има можност за развој на групата кон заедничката цел .
Начинот на кој индивидуите во групата одговараат на авторитети и ко­ре­ли­раат со него се многу важни . За да се постави групна кохезија и секој да работи заедно со другите , важно е да се разбере како индивидуите реагираат во групите и ги согледуваат своите улоги и како гледаат на нив .
Тимот претставува група на луѓе со полно множество на комплементарни веш-ти-ни потребни за да се заврши една задача , работа или проект . Членовите на тимот работат со висок степен на меѓузависност , споделување на овластувањата и се одговорни за колективна изведба . Тие работат за постигнување заедничка цел и заеднички ги слават победите . Во еден тим , кој треба навистина да функционира како таков , а не само како работна група , целите не се поставуваат туку-така ; задолженијата не се распределуваат туку-така . Целта на тимот е да го користи ефектот на синергија . Синергијата настанува само при креативна соработка , кога членовите меѓусебно се инспирираат , што е единствено возможно кога сите имаат рамноправна положба во тимот .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 36