My first Magazine Vesnik br.7 | Page 35

Стручни трудови и статии Развој на креативноста на лично ниво, развој на меките вештини... Автор: д-р Елица Перчинкова Член на МАЧР Систематичното развивање на вработените во организацијата во суштина е долгорочна стратегија, што го максимизира човечкиот капитал на организацијата преку инвестирање на време, пари и идеи за збогатување на знаењата и способностите на работниците. 2 Развојот на човечките ресурси во услови на динамични, секојдневни промени, бројни технолошки иновации на сите полиња се наметнува како потреба. За успешно следење на модерните текови и новини, организацијата треба да се приспособи и од аспект на човечките ресурси. Организацијата, тоа може да го направи преку ефикасно управување, реструктуирање на постоечките човечки ресурси и развој на човечките ресурси. Развојот на вработените претставува кон-ти-нуиран процес на учење што има за цел да овозможи унапредување и усовршување на перформансите и пораст на одговорноста кај поединците. Питер Сенге на организациското учење гледа како на наука која се развива. Како основоположник на оваа теорија тој смета дека организациското учење го сочинуваат пет одделни но заемно тесно поврзани и условени дис-ци-п-лини. Сенге учењето го групира во следните пет дисциплини: лично мајсторство, ментални модели, градење на споделена визија, тимско учење и системско мис-ле-ње. Развивањето и вештината во овие дисциплини го отвора патот кон гра-де-ње- на организации што учат и остварување на концептот за организациско учење. Сите овие дисциплини претставуваат посебен дел кој треба самостојно да се негува и развива. Тимовите и тимската работа во функција на развојот на креативнсота Поставени во извонредно динамични услови на технолошки, информациски, социјални и политички промени, човечките ресурси во современите организации се силно изложени на стресни состојби. Проблемите што секојдневно треба да се надминат се такви што не можат да се решат само со творечки занес, енергија, ентузијазам на одделни раководители и специјалисти. Опстојувањето на секоја организација сè повеќе зависи од мобилизирање на творечкиот потенцијал на што поголем број луѓе, меѓутоа организирани на специфичен начин, односно надвор од досегашните традиционални рамки. Станува збор за една специфична форма на организација - тимска работа и тим составен од луѓе со разни квалификации со цел да решат определен проблем или задача. 3 За ефективно управување, менаџерот треба да има знаења од различни теории на мотивација, односно да може да ги идентификува вредностите на колегите, вра- бо-тените соодветно на тоа да пронајде начин како да ги мо-ти-ви-ра-, при тоа применувајќи ги правилата за успешна тимска работа. 2 Добри Петровски, Меначмент ма шовешки ресурси, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, 2007, стр: 196 3 Добри Петровски, Меначмент ма шовешки ресурси, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола, 2007, стр: 294 ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 (продолжува) www.mhra.mk 35