My first Magazine Vesnik br.7 | Page 30

Стручни трудови и статии
Инвестирање во развој на менаџерските вештини – клучна компонента за траен успех во управување со човечките ресурси
Автор : м-р Сашка Тодоровска
Еволуцијата во сфаќањата за менаџментот со човечките ресурси воедно доведува до прифаќање на различни пристапи и начини на фокусирање кон квалитетно управување со работната сила . Но земајќи предвид дека човечките ресурси се тие кои директно влијаат во остварување на целите на организацијата , уште поголема станува потребата од фаворизирање на холистичкиот пристап кон учество на вработените и нивна одговорност за своето однесување . Можеби избледува неговото значењето како поим , но во суштина сеуште важи за клучен елемент во постигнувањето на стратешките цели . Врз основа на тоа при управување со човечките ресурси би требало да се стави фокус на следните работи :
� Овозможување на развој на работната сила во организацијата како една целина
� Сеопфатно разбирање на целите на организацијата од страна на вработените
� Овозможување на нивно партнерство во текот на исполнувањето на целите
� Развој на односите на организацијата со окружувањето
Достигнувањето на еден ваков пристап во функционирањето на организацијата не само што ќе ја зголеми посветеноста на вработените и ќе го овозможи остварувањето на организациските цели , туку ќе го зголеми и квалитетот на работниот век на вработениот .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 30