My first Magazine Vesnik br.7 | Page 29

Стручни трудови и статии
Инвестирање во развој на менаџерските вештини – клучна компонента за траен успех во управување со човечките ресурси
Автор : м-р Сашка Тодоровска Магистер по менаџмент на човечки ресурси Член на МАЧР
Нагласувајќи ја важноста да се биде јасен во преземањето на улогите и одговорностите во една организација придонесуваме за зголемување на свеста и кај останатите вработени за нивна посветеност и желба за успех . Знаеме дека традиционалниот начин на управување со работната сила се менува пребрзо особено во поголемите организации , но што е уште поважно интеракцијата на вработените со нивните директни менаџери поттикна потреба од инвестирање во развој на одредени вештини кај менаџерите .
Карактеристично за една организација е третманот на вработените од нивниот менаџер . Тоа влијае врз нивната продуктивност , креативност и успешност што всушност ја издвојува организацијата од нејзината конкуренција .
Во делот на развој на компетенции на потенцијалните лидери особено е важно да се внимава да истите веќе поседуваат едно значајно ниво на културна интелегенција . Тоа ќе биде основата за инспирација и една ефикасна комуникација со вработените . Однесувањето на менаџерот има еден вообичаен тек , кој воглавно изгледа вака :
� воспоставување на комуникација , потреба од стекнување на авторитет и градење на доверба
� вршење на ефективно лидерство и менаџмент , односно користење на широк спектар на пристапи
� практикување на свесно размислување , планирање и реално перцепирање на конфликтни случувања
Ова се неколку чекори кои се меѓусебно зависни . Да се поседува способноста да се наметне одреден став и да се делува согласно своите зборови и ставови е една од посакуваните карактеристики за еден менаџер . Од суштинско значење за стекнување на авторитет е менаџерот да развие вештини за ефикасно управување со перформансот , мотивација , тимот за развој како и да поседува интерперсонални и комуникациски вештини .
Вработените во најголем дел знаат да го ценат нивото на знаење и вештини , доколку ги поседува нивниот менаџер . Тоа го покажуваат со нивна лојалност и посветеност кон работата а воедно и почит спрема својот надреден . Тие сакаат да ја почувствуваат слободата , како би ја зголемиле и продуктивноста што несомнено е дел од очекувањата и за 2017 година . Една од најважните алатки од делот на управување со човечки ресурси треба да биде и способноста на менаџерот да се насочи кон решенија и можности за дејствување во конфликтни ситуации .
Во други ситуации , кога однесувањето на менаџерот оди во спротивна насока од горенаведеното , неможе а да не се очекува пад на продуктивноста , недоразбирање и незаинтересираност од страна на вработените . Како резултат на тоа во голем дел од организациите се потврдува изјавата која вели дека вработените даваат отказ поради менаџерот , а не поради организацијата .
( продолжува ) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 29