My first Magazine Vesnik br.7 | Page 28

МАЧР денес и утре Проектни активности Македонската асоцијација за човечки ресурси, партнер во спроведување на проектот: Young Professionals - Say No to bullies! Финансиран од Еразмус Плус програмата 2016-2017 Втор дел: Обука за препознавање, превенција и спротивставување на мобингот во Полска Во февруари 2017 година, претставници на Македонската Асоцијација за човечки ресурси земаа учество во еднонеделна обука на тема „Млади професионалци, кажете НЕ на мобинг―. Обуката, која претставува втор дел од имплементацијата на Еразмус+ проектот за поттикнување на мобилноста на младите чиј носител е Центарот за образование и вработување на младите (OHP) од Лублин, се одржа во местото Ланцкорона во Полска. Во проектот покрај Македонија учествуваат уште 14 земјии тоа: Обеднетото Кралство, Латвија, Русија, Белорусија, Украина, Египет, Србија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Италија, Унгарија, Романија, Грција и домаќинот Полска. Преку учеството во обуката подготвена од организаторот, нашите претставници се здобија со вештини за превенција, препознавање и спречување на мобингот на работното место и Мобингот во работната средина е присутен во сите земји преку слични или различни пројави и надвор од него, а со тоа го верификуваа знаењето за спроведување на вакви и слични обуки во нашето деловно опкружување. специфики и со него се соочуваат голем број вработени и работодавачи. Преку презентирање на истражувањата спроведени во повеќето земји непосредно пред семинарот, сите учесници ги елаборираа резултатите, што беше основа за натамошниот тек на обуката. ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Овој дел од проектот вклучуваше натпреварување на изработени слогани за анти-bullying и анти-дискриминирање кампањата, на која што заедно со тренерите на програмата се работеше во работилници и самите изработени слогани беа имплементирани во локалните заедници. Здобиеното искуство на оваа обука ја отвора можноста за организирање на работилници и обуки на оваа актуелна тема во нашата земја со цел да се сподели стекнатото знаењена компаниите и професионалците и да се унапредат односите во работната околина. www.mhra.mk 28