My first Magazine Vesnik br.7 | Page 26

МАЧР денес и утре
Македонската асоцијација за човечки ресурси , партнер во спроведување на проектот :
„ Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење ” финансиран од Еразмус плус програмата 2015-2017
Проектни активности
Кратко резиме на проектот :
Проектот „ Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење ‖ е поделен во три фази . Во првата фаза од реализација на проектот , партнерите во проектот ( М6 Едукативниот Центар – Скопје , Економскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана , Италијанската Асоцијација за Човечки Ресурси , Идеа ОК и Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси извршија анализа на квалитетот на кадар кои им е потребен на компаниите во Македонија т . е ја истражија побарувачката на кадар на квалитативно ниво . Исто така , партнерите извршија и квалитативно истражување за понудата на пазарот на трудот фокусирајќи се на квалитетот на кадар кои произлегува од стручното високо обрзование . Целта на анализите беше да се осознае дали потребите на пазарот на труд можат да се задоволат исклучиво со завршувањето на студиите или потребна е доквалификација на кадарот кои им е потребен на компаниите . Истражувањето беше спроведено во две насоки , испитување на потребите и ставовите на компаниите и потребите и ставовите на нововработените лица кои штотуку се вработени . Во следната фаза на проектот , беа изберени 30 учесници :
� Студенти во финална година на студии при
земјоделскиот , машинскиот , економскиот ,
технолошко-металуршкиот
и
градежниот
факултет на УКИМ
� Нововработени во дел од најголемите компании во Македонија ( вработени не повеќе од 1 година во компаниите и не постари од 35 години )
По формирање на групата на учесници , се изработија курикулуми за доквалификација на учесниците и тоа во две насоки : Во насока на самовработување преку обуки за започнување на сопствен бизнис , и во насока на вработување во компании преку обуки за доквалификација според потребите на индустријата во земјава .
Истите беа реализирани од страна на професори како и искусни менаџери кои се дел од партнерските организации . Идејата на овој иновативен образовен пристап е да им овозможи на учесниците академска и практична доквалификација со цел оптимално реализирање на нивниот потенцијал при нивно ( само ) вработување . Модулите се реализираа преку настава во училница , како и преку користење на ИКТ алатки / платформа која беше развиена за потребите на проектот .
Преку користењето на ИКТ платформата учесниците имаа можност да работат на заеднички проекти под надзор на македонски , словечки и италијански професори и практичари .
Во тек е третата и последна фаза на проектот , во која е направена кратка анализа и прирачник за практиките кои се применуваат во Македонија , Италија и Словенија во однос на практиканството , стражирањето и работа во сенка ( job shadowing ) со посебен осврт на меките вештини .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 26