My first Magazine Vesnik br.7 | Page 23

МАЧР денес и утре Ве потсетуваме 8. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “Employee Engagement & Future Competencies for Economic Well-being” Одржана на 13-14 октомври 2016, хотел “Мериот”- Скопје Презентациите започнаа со тема за иднината на човечките ресурси, на која ни зборуваше Lucas Van Wees од Европската асоцијација за управување со човечки ресурси, преку која се направи вовед во програмата на конференцијата. На панел дискусијата, нашите големи таленти Ѓорѓе Војновиќ, директор на Триглав Осигурување АД и поранешен кошаркар, и Наташа Мешковска, пливач, дискутираа и ги споделија своите искуства преку темата ―Од таленти до успешна кариера‖. Следните презентации ги опфатија ―Идните компетенции за високо технолошките компании‖ преку студија на случај што ни ја претстави компанијата РИМАЦ Автомобили, ―Ангажираноста на вработените и фактори на ангажираност‖ за кои ни зборуваа двајца предавачи од Словенија, г. Бране Грубан (Dialogos Strateske komunikacije ) и проф. Матеј Черне (Економски факултет, Универзитет Љубљана). Своја презентација имаше и проф. ЈКрис Лиасидес од Универзитетот Шефилд , Сити Колеџот (Грција) за повремените/сезонски вработени и нивното влијанието врз економијата. ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Крајот на денот го заокруживме со ―Улогата на емоционалната интелегенција на работното место‖, за која ни зборуваше Гвинет Ледербароу - авторка, спикер и тренер за професионален развој од Австрија. Вториот ден започна со говорот на Филипо Абрамо, член на одборот на Светската Федерација на асоцијации за управување со ЧР. Како теми на денот беа опфатени лидерските вештини, меките вештини, предизвиците во развивањето на компетенциите на вработените, идните компетенции на големите лидери, предизвиците во развојот на компетенциите при креирање на интернационални стратегии итн. Гости говорници за темите се јавија: г-а Ана Мамалаки, од Титан Групација (Грција), проф. Јака Вадњал, LON Savings bank (Словенија), г-ѓа Зана Бокши Казази, KEP Trust (Косово) и г. Стив Кокрам, GiANT Worldwide (Англија), мотивациски и интернационален спикер за топ менаџери ширум светот. www.mhra.mk 23