My first Magazine Vesnik br.7 | Page 21

МАЧР денес и утре Ве потсетуваме 8. Интернационална конференција за човечки ресурси и ЧР експо “Employee Engagement & Future Competencies for Economic Well-being” Одржана на 13-14 октомври 2016, хотел “Мериот”- Скопје Н а овој настан се одговорија и разгледаа многу прашања на темите поврзани со креирање на организациската ефикасност и резултати, преку важноста на вистинските луѓе, со соодветни компетенции, кои со својот развој во компаниите ќе успеат да ја исполнат својата мисија, а со тоа и да придонесат во развивање на општата благосостојба на економијата. Ангажираноста на вработените најлесно се согледува во организациските резултати, затоа темата на настанот, кој ја одбележа 2016 година, е неизмерно актуелна и неисцрпна или како што Ана Салтирова Давидовски, член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на човечки ресурси, вели: „Ако се земе предвид дека загубите од непродуктивноста на непосветените вработени ја чинат економијата на САД од 450-550 билиони долари годишно (Gallup), јасно е прашањето зошто оваа тема е актуелна и зошто и посветуваме внимание. Емотивното исклучување на вработениот е полошо и поскапо за компанијата од физичкото заминување на вработениот, затоа ни е важно на конференцијата да размениме нови идеи како да се оформи компанијата за да може да привлече и задржи добри вработени, кај кои почетниот ентузијазам со кој се вработуваат да не биде успешно „излечен“ од страна на компанијата.“ ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Гости на настанот беа истакнати директори за ЧР, бизнисмени и претставници на академската заедница, кои споделија реални, практични искуства од компании во различни индустрии, во регионот и пошироко, а ни дојдоа од Словенија, Австрија, Косово, Хрватска, Грција, Холандија итн. Додека се одржуваше конференцијата традиционално беше организирано и HR експо, каде консултантски компании, ИКТ компании, тренинг центри, универзитети, ловци на таленти, компании и агенции за привремено вработување, издавачки куќи итн., имаа можност да ги презентираат и покажат своите услуги, производи, програми и технологии кои ги поддржуваат HR функциите и Одделот за човечки ресурси во организациите наменети за претставниците од бизнис секторот и HR професионалците. Првиот ден од конференцијата започна со официјалното отворање од страна на претседателот на Македонската асоцијација на човечки ресурси – г-ѓа Христина Лозаноска и вице-гувернерот на Народна Банка на Република Македонија – г-ѓа Маја Кадиевска-Војновиќ кои со воведен говор им посакаа добредојде на сите присутни и ја истакнаа важноста на настанот. www.mhra.mk 21