My first Magazine Vesnik br.7 | Page 20

МАЧР денес и утре
РАБОТИЛНИЦА ЗА СТРАТЕГИСКА ОРИЕНТАЦИЈА НА МАЧР ВО ТЕКОТ НА 2017 / 2018 ГОД .
Реализирани активности на МАЧР
Скопје , 25 февруари 2017 година
На годишната средба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР , наменета за стратегиска ориентација на работењето на МАЧР , односно на стратегиската работилница , оваа година повторно беа ревидирани поставените стратегиски цели , и беа разгледани сите тековни активности кои водат кон нивно исполнување .
Со големо задоволство , се забележа дека обемот на работа е во постојан пораст како резултат на кредибилното работење и интересот на членовите да бидат дел од активностите и присутни на настаните кои ги организира МАЧР . Во рамките на оваа работилница , најголемо внимание беше оддвоено за дискусија во однос на одржувањето на годишната традиционална конференција за човечки ресурси која МАЧР оваа година ја организира по 9ти пат . За истата беше одлучено да се организира во партнерство со Вработување . ком , заради подобра организираност и поддршка во реализиацијата .
На работилницата беше утврден редоследот и обемот на активностите за тековната 2017 година !
Покрај оваа годишна средба со предодредена цел , членовите на Управниот и Надзорниот одбор на МАЧР , редовно одржуваат состаноци заради дисусија на редовните тековни и ад-хок активности кои произлегуваат од секојденевното работење и предложени иницијативи од страна на поширокото членство на МАЧР .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 20