My first Magazine Vesnik br.7 | Page 18

МАЧР денес и утре ХРОНОЛОГИЈА НА НАСТАНИТЕ “HR - КАФE КАФ E & NETWORKING” Роденденско HR-кафе & Networking 11 мај 2017, МКЦ клуб ресторан - Скопје О ваа 2017 година славевме 8 години од основањето на Македонската асоцијација на човечки ресурси, проследени со постојано напредување и подобрување, успеси, сoработки, многу научени лекции и пред се’, континуирано градење на мрежата на членови – за кои сме неизмерно благодарни! Пораката која беше испратена од страна на говорниците, со тематскиот избор на овој настан, беше дека: Моќта е секаде околу нас, треба само да и се даде шанса! За оваа прилика, покрај поводот за славење и дружење, за да не го изоставиме едукативниот и корисен дел на настанот, поканивме две гостинки – Нина Ангеловска, извршен директор и коосновач на првиот македонски веб сајт за групни попусти, Group- er.mk, кој предизвика револуција во оналјн купувањето и стана лидер на пазарот на е- трговијата. Нина ни зборуваше на темата “Моќта на гемификацијата на работа”. Нашата втора гостинка Катерина Ангеловска, тренер за личен развој, автор на книгата ―333 Афирмации‖ и мотивациски говорник, се обрати на темата “Моќта на позитивната мисла”! ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Сликите од роденденското дружење зборуваат за атмосферата и позитивната енергија која владееше тој ден и не потсетуваат на сите убави моменти од нашето досегашно постоење. www.mhra.mk 18