My first Magazine Vesnik br.7 | Page 16

МАЧР денес и утре ХРОНОЛОГИЈА НА НАСТАНИТЕ “HR - КАФE КАФ E & NETWORKING” Тема: Спортска рекреација – за подобри професионални достигнувања! 31 јануари 2017, МКЦ клуб ресторан – Скопје. Овој прв настан во Новата 2017 година, го организираме на тема “Спортска рекреација – за подобри професионални достигнувања!”, посветен на позитивните промени и здравите навики кои треба да бидат дел од секојдневието на секоја личност. Зборувавме за предизвиците со кои секојдневно се справуваме, балансот меѓу професионалните односно менталните напрегања и важноста да го одржуваме своето тело здраво со редовна физичка активност. Неоспорно е дека овие две аспекти од живеењето се надополнуваат. ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 Нашата гостинка проф. Кети Матеничарска Накова, професор по физичка култура и која зад себе има 13 годишно искуство во предавање култура на здраво живеење и е инструктор по групни фитнес активности, се обиде да ни даде одговор на сите прашања поврзани со важноста на физичката активност во современото живеење и справување со последиците од истото. Една од основните цели на менаџментот со човечки ресурси е поттикнување на здрави навики во секојдневниот живот на вработените за нивна долгорочна благосостојба и добро здравје. Важноста на телесната кондиција претставува предуслов за среќа и успешни професионални достигнувања – ни тврди Кети, која преку стручни совети не мотивираше да размислиме која активност најмногу ни прилега и како активно да ја внесеме во нашиот живот. Презентација—линк www.mhra.mk 16