My first Magazine Vesnik br.7 | Page 14

МАЧР денес и утре
ХРОНОЛОГИЈА НА НАСТАНИТЕ “ HR-КАФ КАФE & NETWORKING ”

З а време на овој настан , зборувавме и ги проширивме нашите хоризонтите на перцепцијата и одблиску се запознавме со техниките на Неуро -лингвистичкото програмирање — НЛП .

Која беше идејата што нè поттикна да ја избереме оваа тема ? Секојдневните ситуации во кои често пати се затекнуваме со различни или спротивни ставови во разговор со нашите соговорници , а на крај се испоставува дека и двајцата сме во право ? Случаеви во кои е изградена слика за одредена ситуација , за која по извесно време се сфати дека на истата може да и се пристапи од друг аспект и целосно го променува нашето мислење и став ?.... Овие и многу други ситуации беа согледани со помош на техники од Неуро-лингвистичкото програмирање ( НЛП ) со помош на нашата гостинка-говорник на настанот , Ана Салтирова Давидовски .
Презентација — линк
Тема : СЕ Е ПЕРЦЕПЦИЈА
29 ноември 2016 , МКЦ клуб ресторан – Скопје .
“ Ние не ги гледаме работите какви што се , ние ги гледаме работите какви што сме !!!”
Ана е менаџер за човечки ресурси во АМСМ , воедно и НЛП тренер која со помош на техники од НЛП не водеше низ темата со цел да го разбереме сопствениот ум , начините на кои комуницираме и зошто е важно да бидеме свесни за сопствените мисли и навики . Таа активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини а нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој ― просечен ‖ поединец , како и унапредување на работата со учење од разликите . Ана воедно е и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на човечки ресурси .
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 14