My first Magazine Vesnik br.7 | Page 10

МАЧР денес и утре МАЧР Проекти
Доделена наградата за HR менаџер на 2016 година !
Македонската асоцијација за човечки ресурси ( www . mhra . mk ) по трет пат ја додели наградата HR менаџер на годината ! Овој пат за 2016 година наградата заслужно ја доби м-р Стефан Јовановски , директор за човечки ресурси во компанијата оне . Вип .
Годинава , доделувањето на наградата се одржа на посебен специјален настан во присуство на повеќе од 150 гости , претставници на академската и бизнис заедницата во рамки на одржаната 9та интернационална конференција за човечки ресурси , на која наградата му беше врачена од страна на претседателката на Македонската асоцијација за човечки ресурси , Христина Лозаноска . За доделувањето на наградата , одлучуваше Комисија составена од еминентни личности од професијата менаџмент со човечки ресурси , членови на МАЧР , а согласно пропишани и јавно објавени критериуми за избор . Г . Јовановски кој е професионалец со 20 годишно искуство во HR окружувањето во телекомуникацискиот сектор , при градењето на својата кариера , се соочува со низа предизвици со стартапи , спојувања и аквизиции , особено минатите години откако стапи правното спојување на трите компании ( ОНЕ , ВИП и Близу ) и нивните професионални кадри . Период со голема динамика на активности пропратен со постојани промени на околностите под кои се води бизнисот и неколку промени на сопственичката структура . Менаџерската улога и придонес на Стефан , особено минатата 2016 година , се согледува кога компанијата се соочуваше со спојување на три компании , кога владееше неизвесна атмосфера , тој успеа да го одржи стабилен својот сектор , да ги задржи квалитетните работници , да одржи работна атмосфера и мотивирачка работна средина .
Му честитаме на наградата и посакуваме да продолжи по истиот пат !!!!
“ Голема чест , но уште поголема одговорност е да се носи титулата најдобар менаџер за човечки ресурси особено пред моите илјада колеги за кои безрезервно тврдам дека се едни од најдобрите на пазарот на труд во Македонија . Без нив и особено моите колеги во одделот немаше да успееме во моментите кога навистина притисокот беше голем и да продолжиме со квалитетна работа на телекомуникацискиот пазар во што и успеавме . Продолжуваме да го следиме чекорот со трендовите и да ги применуваме најсовремените алатки за управување со човечки ресурси во нашата компанија ”, изјави Стефан Јовановски .
Македонската асоцијација за човечки ресурси ја воведе наградата ― HR менаџер на годината ‖ со цел да се препознае , признае , промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во професијата управување со човечките ресурси . Оваа година , огласот повторно ќе биде отворен за номинации за сите заинтересирани кандидати !
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр . 7 • октомври 2017 www . mhra . mk 10