Magazine 4U Issue 4 Special September 2014 | Page 7

Веруваме дека во овој момент можете без проблем да ги наброите најчестите есенски бои, но оваа сезона истите ќе заминат во историјата.

И додека сите во дождливите есенски денови обожуваат да се стуткаат во некое црно или темно кафено парче, ве уверуваме дека оваа есен ќе биде сосема поинаку.

Откако Версаче во рекламната кампања за есен/зима 2014, претстави фантастичен свилен фустан во комбинација со куса бундичка во јака и неодолива црвена боја, знаевме дека ќе се случи жешка револуција оваа есен.

Токму црвената боја е најавена како една од најважните оваа есен, а веднаш зад неа се најде и кралската сина во чија чест бројните светски модни брендови направија совршени парчиња.

Дефинитивно, изненадувањето на есента е бронзената која може да ја сретнеме кај парчињата на дел од колекциите на Осман, Time’s Arrow, Стела Мекарти и други.

Бојата што дефинитивно ќе не развеселува оваа есен е впечатливата жолта, каков што капут дефинитивно мора да си купите оваа есен. Во комбинација со темните нијанси на есенската облека, жолтата ќе биде бојата што ќе внесе весела свежина во долгата дождлива есен!

Некочекувани бои што ќе ве изненадат оваа есен