Magazine 4U Issue 4 Special September 2014 | Page 18

Први фотографии: Samsung Galaxy Note 4!

По долго чекање и шпекулации, во јавноста конечно се појавија фотографии кои наводно се од новиот Galaxy Note 4 модел на Samsung. Да погледнеме какво чудовиште не очекува...

На фотографиите можеме да забележиме дека Note 4 поседува сличен дизајн како претходникот, надополнето со „лажна“ кожа од задната страна. Разликата е во тоа што наместо пластична рамка, Samsung преминува на метална - слично како кај Apple и iPhone 5s.

Она што засега го знаеме е дека веројатно екранот ќе остане со големина од 5,7 инчи, но резолуцијата ќе биде зголемена на QuadHD, односно 2560 x 1440 пиксели. Уредот исто така би го добил и новиот Snapdragon 805 чипсет, кој во моментот е најмоќниот процесор на пазарот, како и RAM меморија од 4GB.

Погледнете ги фотографиите и кажете ни како ви се допаѓа новиот дизајн!

Боите на виножитото во новата колекција на Гучи

Новата колекција на Гучи очила е толку добра, што човек не може да се одлучи. Колекцијата ја сочинуваат модели на очила чии стакла доаѓаат во цела палета во боите на виножитото кои сјајно ќе ја истакнат секоја ваша модна комбинација оваа пролет и лето.

Сакате да го гледате светот низ розови очила? Или можеби сини …или жолти?

Ова е совршена колекција за вас!