Информатор на општина Новаци 34 - Page 5

Миле Јанакиевски направи увид на поплавените подрачја во Новаци Миле Јанакиевски министерот за транспост и врски направи увид на пресечениот пат Новаци-РЕК како и на поплавените подрачја во општина Новаци. Градоначалникот Котевски посочи дека неопходно е да се интервенира на Елешка река кај селата Скочивир и Гермијан бидејќи во речното корито има многу дрвја и вегетација кои прават застој на протокот на вода со што може да се предизвика прелевање а со тоа и поплавување на населени места.Исто така како можна локација за интервенција го посочи насипот на 9-от канал кој бил пробиен. Јовко Крствески од РЕК Битола информираше дека работата во комбинатотот се одвива непречено со мал застој во рудникот но генерално производството на електрична енергија е задоволително, пресекувањето на патот кај Новаци им правел одреден застој со набавката на мазут, но преку алтернативниот пат денеска ќе се извршел дотур на мазут. Министерот Миле Јанакиески заедно со градоначалниците на Новаци и Битола ги посети поплавените подрачја во општина Новаци. Јанакиески на средби со жителите разговараше за дополнителна помош и поддршка а најави дека ќе се донесат повеќе пумпи за да се извлече водата од дворовите. Општините, според Јанакиески, треба да ги активираат кризните штабови и да се подготват за утрешниот ден бидејќи се очекуваат и до 30 литри дожд на квадратен метар, кој ќе биде обилен. - Треба да се подготват на истите територии како што беше и пред неколку денови. Во постојана координација сме и веднаш по повлекувањето на водата ќе сe врши дезинфекција и дезинсекција за да го заштитиме населението од заразни болести - изјави Јанакиески. Градоначалникот на Новаци рече дека благодарение на рушењето на патот се спаси село Новаци од целосно поплавување. 5