Информатор на општина Новаци 40 - Page 9

Почна регулација на водотекот во село Долно Агларци Со средства обезбедени преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион се започна со активности за регулација на водотек во селото Долно Агларци, општина Новаци. Во минатото овој канал ја извршувал функцијата на пороен канал кој го регулирал водите од сливното подрачје со нивно спроведување до Добрушевскиот канал. Бидејќи во подножјето на сливот во меѓувреме се изгради ободен канал кој превзема најголем дел од поројните води, функцијата на овој канал остана да биде за евакуирање на локални атмосферски води од атарот на с.Долно Агларци. „Во рамките на оваа фаза предвидено е чистење на каналот, формирање на нов профил како и негово бетонирање во должина од 270 метри. Проектот чини 2,8 милиони денари а освен за заштитата на животната средина ќе придонесе и за забрзан економски развој бидејќи со неговите активности ќе се минимизира ризикот од излевање на водата од реката и поплавување на плодно земјоделско земјиште.“ рече градоначалалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. Овој проект е само еден од двата во кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ќе интервенира оваа градежна сезона, другиот проект е во општина Могила за регулација на речното корито на река Шемница. Средствата за реализирање на овој проект се обезбедни од Програмата за рамномерен регионален развој за 2015 година од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој. 9