Информатор на општина Новаци 40 - Page 8

Советот на општина Новаци ја одржа 38-мата седница Советниците во Советот на општина Новаци денеска разгледаа и донесоа одлуки за дваесеттина точки на дневен ред. Седницата започна со донесување на записникот а потоа се донесе Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Новаци за 2015 година и Оdluka za izmena i dopolnuvawe na Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Новаци за 2015 година. Советниците донесоа одлука за сопствено учество на општина Новаци за реализација на Акционен план за чистење на река Црна за 2015 година во износ од 31000 Евра во недарска противвредност Беше усвоено барањето на месната заедница на с.Бач за реновирање на салата во ова село. За чистење на дел од користото на Елешка река м в ,,Каскада“,санирање на постоечката вага и изградба на автобуска постојка . Месната заедница од село Брник побара санирање на локалниот пат до ова село, Храмот Св.Атанасиј Велики од с.Новаци побара да им се обезбедат два клима уреди за салата во црквата додека од Заедница на Срби во Македонија побараа одобрување на финансиски средства и теренски возила за организација на планинарскиот марш Кајмакчалан 2015. Советниците донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска докумнетација и тоа за ЈЗУ Здраствен дом Битола КП 1041/1 КО Новаци, Трајчевски Борис КП 1401 КО Новаци, Талевски Славе КП 1548 КО Новаци, Трајчевски Цане КП 643/4 КО Новаци и Петров Цане КП 1169/2 КО Новаци. Советот донесе одлука за финансиска помош на физички лица за лекување и учество на турнир во кик бокс.Беше одобрено барањето на МЗ с.Зовиќ за одобрување на средства за набавка на 3 цевки Ф300 за изработка на поила за напојување на ситна и крупна стока. Советниците ја разгледаа годишната програма на Основното училиште ,,Славко Лумбарковски,,Новаци за новата учебна 2015 година/2016 година и годишниот извештај за работата на ОУ ,,Славко Лумбарковски,,-Новаци за учебната 2014/15 година. Ги одобрија барањата за донација на Оделението за психијатрија при ЈЗУ Клиничка болница Д-р.Трифун Пановски,Битола, од МЗ. С.Добромири за градежни мат B