Информатор на општина Новаци 40 - Page 5

Втор пат Македонска етно свадба во Новаци Во Општина Новаци по втор пат се одржа манифестацијата „Македонска Етно свадба“. Оваа година зет и невеста беа 55 годишниот Љубе Самарџески и 50 годишната Роза Самарџиеска од Битола. Тие велат дека во брак биле 30 години и после толку време денеска одлучиле да стапат и во црковен брак проследен со сите обичаи и адети кои ги има кај нас. „Многу сум возбуден, во брак сме 30 години ама сега одлучивме да се венчаме и во црква. Радосен сум што сум денеска дел од оваа манифестација Етно свдба во Новац“, рече Љубе Самарџески, зет. Манифестацијата е под покровителство на општина Новаци, а организатор е Центарот за негување на традицијата и фолклорот „Етно Илинден“ од Битола. Секоја година за оваа манифестација се пријавуваат повеќе брачни парови кои сакаат да бидат дел од овој настан. Но според организаторите во иднина се планира оваа манифестација да биде само со еден брачен пар. „Оваа манифестација секоја година привлекува голем број гости од целата општина како и соседните градови и полека станува вистинска туристичка атракција. Ние и понатаму ќе ја одржуваме традицијата и ќе го организираме овој настан“, истакна Лазар Котевски, градоначалник на Новаци. „Оваа година имавме пријавено само еден брачен пар, и планираме така да биде и во иднина, нешто слично како и Галичката свадба. Бидејќи минатите години имаше повеќе брачни парови, но беше малку потешко да се организира сето тоа. Ов