Информатор на општина Новаци 37 - Page 8

Општина Новаци преку проект ќе изработи модел за распределба на општински средства за невладиниoт сектор пари. Денеска во општината се одржа првата од трите работилници посветена на развојот на методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за подршка на здруженија. Активностите се насочени кон подобрување на досегашната пракса во соработката меѓу локалната самоуправа и граѓанските здруженија за добробит на сите граѓани како и зголемување на траспарентноста и отчетноста на општината при распределбата на буџетските „Развивање на методологија на која ќе работат работни групи составени од општинските администрации, Советите на општините и локални граѓански организации која по завршувањето на работилниците ќе биде предложена до Советите на општините што земаат учество во проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови наменети за здруженија. Ова е целта на спроведувањето на низа активности кои ги организира МКЦ Битола во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. Активностите ќе бидат насочени кон изнаоѓање на решенија за различни проблеми со кои ќе се подобри квалитетот на животот во општината, вели Мери Нашоку – програмски директор во МКЦ Битола. Во работилниците учествуваа претставници од општинската администрација , советниците како и граѓански здруженија од територијата на општина Новаци. „ Активностите предвидуваат формирање на поединечни работни групи за двете општини составени од претставници на општинската администрација и Советите на општините и локалните граѓански организации, а низ 3 работилници во секоја општина ќе се изработат и предложат до Советите на општините модели за распределба на средства, заедно со предлог процедури за нивно спроведување.Активностите се насочени кон поголема транспарентност и отчетност на локалната самоуправа при доделување на средства на здруженијата од општинските буџети. За таа цел ќе се спроведат активности за развивање модел за распределба на средства од општинските буџети за поддршка на здруженија во општините Битола и Новаци. 8