Информатор на општина Новаци 37 - Page 7

Започна пролетната дератизација во општина Новаци Започна пролетната систематска превентивна дератизација на канализациониот систем, јавната депонија Мегленци, дивите депонии и ѓубришта и останатите критични точки кои можат да ја нарушат хигиенско-епидемиолошката состојба во Општина Новаци. „Ја започнавме дератизацијата со цел општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава и пренесување на заразни болести од глодари, активност која е уште понеопходна да се спроведе заради поплавите кои не зафатија во месец февруари. Дератизацијата ќе се спроведува со висечки и статички парафиски блокови од по 50 грама. По завршувањето на дератизацијата ќе се спроведе дезинсекција и тоа во две фази а може да започне и со вонредно прскање. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци. Со дератизацијата во општина Новаци ќе бидат опфтаени околу 90 шахти од подземниот канализационен систем, 25 шахти на сите јавни објекти и згради односно на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од јавен посебен интерес, дератизација на јавната депонија Мегленци и слично. Дератизацијата ќе се спроведува во две фази: пролетна со која ќе бидат опфатени 115 шахти и есенска со опфат како и претходна F B