Информатор на општина Новаци 37 - Page 3

Општина Новаци отвора пет игротеки преку проектот „Растеме и учиме заедно 2“ Општина Новаци продолжува со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2“ од програмата за општинско корисна работа, во чии рамки ќе бидат времено ангажирани пет едукатори и еден дефектолог кои ќе работат во постоечките и новоотворените Центри за ран детски развој во Добромири,Далбеговци и Живојно додека во Агларци и Гермијан децата ќе бидат згрижени во подвижен центар наменет и адаптиран за работа за деца од претшкослка возраст. „Од 1 јуни 2015 година, Општина Новаци продолжува со реализација на проектот „Растеме и учиме заедно 2 “ .Ова е проект кој го финансира општина Новаци заедно со УНДП,АВРМ и МТСП. Минатат година проектот опфаќаше отворање на игротеки во три села и тоа :Добромири, Горно Агларци и Живојно. А сега се проширува уште на две села Гермиајн и Далбеговци. Новина годинава е што за прв пат ќе биде ангажиран и дефектолог кој ќе работи со децата кои имаат потешкотии во говорот. Заинтересираноста кај родителите е многу голема затоа што значи социјализација за децата од руралните средини заедничко дружење и учење.Општина Новаци ќе продолжи и понатаму со поддржување на ваквите проекти. “ рече градоначалникот Лазар Котевски. Преку имплементацијата на овој проект ќе се отворат Центри за ран детски развој во пет рурални средини во општина Новаци а тоа ќе значи и времено вработување на 6 лица од кои пет едукатори и еден дефектолог. Општина Новаци трет пат реализира проект од програмата општинско корисна работа.Ппретходно успешно го имплементираше шест месечниот проект за неформално образование на жените албанки и нивно изучување на македонскиот јазик а потоа проектот „Растеме и учиме заедно 1“. 3